Единствената земја означена со црна боја на картата со земји кои НСА ги надгледува е Србија, што значи дека Србија е најмалку шпионирана.
И додека Србија е означена со црна боја, Хрватска, БиХ, и Црна Гора се означени со зелена боја што означува повисок степен на надзор, додека Косово е означена со портокалова боја што значи дека е надгледувано повеќе од земјите во регионот, односно исто колку и Индија, Кина и Египет. Македонија, како и повеќето земји од Балканот, е со зелена боја.
Милиони пораки на македонските граѓани од нивните приватни и-мејлови, секојдневните приватни преписки на социјалните мрежи, како што се Фејсбук, Твитер и други, како и разговорите во „четири очи“ на скајп, се слеваат во базата на ЦИА и на Националната агенција за безбедност (НСА) на САД. Доколку некој мислеше дека е можно да разговара преку интернет без да биде следен, деновиве стана јасно дека тоа е невозможно откако британскиот весник „Гардијан“ објави документи и мапа на која се наоѓа и Македонија.