Паника во ВМРО-ДПМНЕ – функционерите стравуваат за своите фотелји


Нема сигурна фотејла во ВМРО-ДПМНЕ.  Премиерот Груевски, вчера најави нов бран функционерски и директорски смени во институциите кои ги раководат кадри на партијата. За експертите, вкавата пракса е неопходна, за да нема опуштање во партиските редови

grujo1„Ако заседне една партија ако тие се почувстуваат доволно комотни во своите фотелји веднаш почнуваат оние други пропратни појави. Корупција, непотизам, кронизам, давање на услуги и бизниси на пријатели… Сето тоа граѓаните веднаш го регистрираат и падот е прилично суров. Така што во тој однос сметам дека не е лоша оваа пракса на редовно обновување на нештата“ – вели политчичкиот аналитичар Ивица Боцевски

Според него, бранувањето во редовите на владејчката партија е еден од клучните елменти кои ја разликува од опозицијата.

„Оаа партија во целиот тек на своето постоење спроти СДСМ покажа една страшна способност да кооптира личности кои припаѓале на други партии, отклонети од СДСМ, луѓе потценети во СДСМ, но исто така покажала и можност да кооптира личности кои се покажале во свеото професионално поле.
Кај СДСМ екипата останува буквално иста. Кај нив и обновата е биолошка. Вон тој опфат на неколку семејства немаме прилив на други луѓе, нема нови кадри“ – вели Боцевски

Премиерот Груевски вчера порача дека нема да биде поштеден ниту еден раководен кадар кој залегнал во својата фотеља. Најави дека ќе бидат сменети сите кои не ги испорачале резултатите кои им биле ветени на граѓаните.
Ове ќе биде  втор бран на промни во владејчката партија по оној од минатата година, кога беа сменети над 150 раководни кадри.

Pres24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1