56 годишната кичевчанка Веселинка Спасенова која беше пријавена за исчезната е пронајдена мртва.
Вчера попладне било пријавено дека во водите на реката Треска кај местото викано Лаг бил забележан човечки труп.
Екипите на МВР веднаш излегле на местото на настанот и од водите на Треска било извадено женско тело.
Роднините на исчезнатата кичевчанката извршиле препознавање и утврдиле дека станува збор за Веселинка. Жената била пријавена за исчезната на 30. април годинава.
Според информациите од телото на кичевчанката недостасувале неколку делови. Женскиот труп бил изваден без делови од абдоменот и градниот кош, а недостасувала и десната рака.
Таа била во водите на Треска уште од 29 април, кога го напуштила својот дом по што и’ се губи секаква трага.
„Според извештајот што го добивме од обдукцијата, телото најверојатно е изглодано од речни видри“, велат од полицијата.
Телото на кичевчанката е предадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.