Исчезната кичевчанка најдена без дел од органите – нема делови од градниот кош, абдоменот и е без рака


kicevcanka

56 годишната кичевчанка Веселинка Спасенова која беше пријавена за исчезната е пронајдена мртва.

Вчера попладне било пријавено дека во водите на реката Треска кај местото викано Лаг бил забележан човечки труп.

Екипите на МВР веднаш излегле на местото на настанот и од водите на Треска било извадено женско тело.

Роднините на исчезнатата кичевчанката извршиле препознавање и утврдиле дека станува збор за Веселинка. Жената била пријавена за исчезната на 30. април годинава.

Според информациите од телото на кичевчанката недостасувале неколку делови. Женскиот труп бил изваден без делови од абдоменот и градниот кош, а недостасувала и десната рака.

trup drvo

Таа била во водите на Треска уште од 29 април, кога го напуштила својот дом по што и’ се губи секаква трага.

„Според извештајот што го добивме од обдукцијата, телото најверојатно е изглодано од речни видри“, велат од полицијата.

Телото на кичевчанката е предадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1