Конечно се договорија: Борче Давитковски на чело на комисијата за „црниот понеделник“


borcedavitkovski1

Професорот Борче Давитковски ќе застана на чело на комисијата која ќе ги истраѓува настаните од 24 декември, лани.
„Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24-ти декември. Се работи за проф. д-р. Борче Давитковски, актуелен декан на Правниот факултет при Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј’.
Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста.
Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик на евроинтегративниот процес за земјава“, се вели во соопштението до јавноста, кое го испратијта и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1