23 Канаѓанки починале а стотици чувствуваат здравствени последици од земањето на два вида таблети за контрацепци
Докторите и фармацевтите кои ги пријавиле нус појавите од таблетите на владината агенција за јавно здравје се сомневаат дека смртните случаи се поврзани со употребата на таблетите Јаз и Јасмин, јави канадската телевизија CBC, пренесе Франс прес.
600 жени имале нус појави по земањето на овие таблети а 23 жени починале – во повеќето случаи од згрутчување на крвта, а меѓу нив и 14 годишно девојче. Жените од САД и Канада кои сметаат дека им наштетила новата генерација контрацептивни таблети кои го содржат синтетичкиот хормон дроспиренон веќе го тужеле германскиот фармацевтски гигант Баер.
Ова е втор случај овие таблети да се наудар – во САД следеше групна тужба на пациенти кои ги користеле а кои имале здраствени последици – Баер кој до сега платил над милијарда долари во споровите поврзани со овие таблети во САД, на првата групна канадска тужба ќе вложи жалба информираа од германската фирма Баер.