Еден од најголемите хитови на Драган Мијалковски „На 223 305“, и на македонската музичка сцена воопшто, беше поттик за интересен прилог на екипата на Бекстејџ.
Тие го снимија семејтвото кое нема мир, бидејќи телефонот постојано ѕвони и дење и ноќе, но сепак е гордо што нивниот телефонски број е дел од македонската музичка историја.
Истиот тој број 223305, бил и изненадување-подарок од Дарко Малетиќ за сопругата Кате, инаку обожавател на хитовите на Драган Мијалковски.
Од пред 5 години, до денес семејството Малетиќ го пее заразниот хит рефрен со секој оној кој што ќе им заврти на домашниот фиксен телефон… Се за фамозните бројки 223305, од репортажата на Бекстејџ на Македонската Телевизија.