Еден кинески авион морал принудно да слета бидејќи за време на летот на висина од околу 8.000 метри се судрил со непознат летачки објект.
Од јачината на ударот предниот дел на авионот е вдлабнат, така што е исклучена можноста авионот да удрил птица, поради што се појавија теории дека авионот удрил во НЛО.
Пилотот на авионот изјавил дека слушнал силен удар на предниот дел од авионот и дека автоматски имал проблем со управување на леталото, па од контролорот побарал летот да се врати на пистата.
Дури кога авионот слетал на пистата, пилотот ја воочил причинетата штета на предниот дел на авионот.
Причината за несреќата ќе биде познат дури кога ќе заврши официјалната истрага.