Флуоресцентни овци – светат и лечат


Млекото на генетски модификуваните овци може да помогне во производство на лекови за лечење на дијабетис, хемофилија и пореметување на хормонот за раст, и тоа со многу помали трошоци од традиционалната медицина. Овците кои светат во темно привлекоа големо внимание во светската научна заедница. Генетски модификуваните животни од Уругвај можат да се користат во производство на евтини лекови.

ovci svetatТие овци изгледаат исто, исто комуницираат и исто се хранат како и обичните. Само во темно, под ултравиолетово светло, се гледа зошто се посебни, вели репортерката на Ал Џезира, Лусиjа Њуман. Флуоресцентните овци, родени се во октомври минатата година на Институтот за репродукција на животни во Уругвај.

Во соработка со Институтот Пастерт, флуоресцентниот ген е добиен од медуза која свети во темно, всаден во ДНК на овцата. Се верува дека овие се први такви јагниња кои некогаш се родени.

Интерес од научниците ширум светот

– Додадовме зелен флуоресцентен протеин, бидејќи лесно може да се следи, за да потврдиме дека оваа техника навистина делува на овци. Сега знаеме дека секој друг протеин ќе биде исто така успешен, ако се употреби оваа техника – вели Марија Криспо од Институтот Пастер во Монтевидео.

Целта на експериментот не е само да се постигне овците да светат во темно. Се работи за голем научен успех.

Млекото од овците кои се генетски модификувани со оваа техника, може да помогне во производство на лекови за лечење на многу болести, од дијабетис до хемофилија и пореметување на хормонот за раст, и тоа со многу помали трошоци од традиционалната медицина, вели репортерката Њуман.

Оваа техника, која веќе се покажа како успешна на други видови на животни, до сега не била достапна во Латинска Америка.

– Се работи за модерни, скапи и сложени технологии, кои се користат во само неколку развиени земји. Сакавме да бидат достапни во Латинска Америка, посебно во Уругвај, за да можат фармацевтските компании во нашиот регион да развијат различни проекти – вели Алејо Менчука од Институтот за за репродукција на животни.

Флуоресцентните, генетски модификувани овци ги заинтересираа научниците ширум светот. Тоа е доказ, вели др. Менчука дека Уругвај е мала земја која има големи планови кога се работи за развој на медицината и фармацијата.

Ал Џезира

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1