Повторно се појави лепра – регистриран прв случај


Здравствените власти во Даблин соопштија дека во Ирска е регистриран прв случај, во поново време, на пациент болен од тешката болест лепра.

lepra

Болеста е регистрирана уште на почетокот од годинава кај еден пациент од Бразил, кој веќе неколку години живее во Ирска.Лекарите констатирале дека тој страда од повторно појавување на болеста, од која еднаш се лекувал пред десет години во Бразил.

Претставник на ирската епидемиолошка агенција, доктор Конор Галагер изјави дека еден ваков случај е типичен за Средниот век, а не за денешно време и најсовремени услови во медицината, но додаде дека „е мал ризикот“ од појава на нови заболени од оваа болест.

Според Галагер, отсуството на вистинските лекови за борба со болеста, малото знаење кај лекарите за која болест станува збор, како и јавниот срам од лепрата и лепрозните луѓе, која е типична за земјите во развој, се причини кои ја одржуваат болеста.

Индија има најголем број пациенти во светот болни од лепра, а Бразил е на второто место. Здравствените експерти објаснуваат дека дури 95 отсто од светската популација има природен имунитет за одбрана од оваа тешка болест, чие лекување трае бавно и долго.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1