Градинката во Центар ќе се гради, за црквата ќе се одлучува другпат


ЗАВРШИ МАРАТОНСKАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ЦЕНТАР

Ќе се гради градинката во Kапиштец, а одлуките за поништување на четири детални урбанистички плана за центарот на Скопје ќе се носат на некоја следна седница – одлучија вчера членовите на Советот на Општина Центар. Седницата се одржа мирно и без тензии, а пред општината немаше протести од незадоволни граѓани.

crkva centarПретходните две сесии од седницата, во петокот и во понеделникот поминаа во знак на бурните и насилни протести на граѓанската иницијатива „Веритас“, која во намерата да се стават надвор од сила урбанистичките планови виде опасност од уривање на црквата „Свети Kонстантин и Елена“ која е во изградба.
За градинката, која ќе се гради на улицата Kозара на местото на постојниот објект, има готов проект кој веќе поминал ревизија. Новиот објект ќе биде од монтажен тип.

На седницата советниците се расправаа за ставката во буџетот за нови вработувања, која од предвидените 7.250.000 денари е зголемена на 13.250.000 денари. Жерновски објасни дека се работи за привремени вработувања од времето на Тодоровиќ, но додаде дека и тој вработувал.

– Ангажманите на привремено вработените останаа непроменети, па се наметна потребата од дополнителни средства. Да ја искористам можноста да кажам дека по 13 години власт на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар јас не можам да работам само со истите вработени, кои туркаат поинаква програма. Не бегам од тоа дека сум донел луѓе со кои сакам да работам – рече Жерновски и додаде дека се работи за вкупно 23 вработувања.

Градоначалникот Жерновски во изминативе денови неколкупати објасни дека црквата никогаш не била спорна и покажа изводи од претходниот план за „Мал ринг“ кој ќе стапи во сила по поништувањето на актуелниот, во кој исто така е предвидена градежна маркичка за „Свети Kонстантин и Елена“.

На бараката во која се одржуваат седниците се ставени нови стакла на прозорците кои беа искршени при протестите на „Веритас“, а поставени се и решетки.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1