Заев прави ремонт на СДСМ – Данева извиси Георгиев се спаси


Луѓето кои ќе го водат СДСМ во наредните четири години заедно со Заев ќе бидат познати денес. Еден од најблиските соработници на новоизбраниот лидер на социјалдемократите ќе биде новинарот Роберт Поповски, кој ќе му биде советник за комуникации и креирање политики.

g_zaev slika za webНа конститутивната седница на Централниот одбор која е закажана за вечер ќе бидат избрани и тројца потпретседатели.  Извори од партијата откриваат дека Хари Локвенец, човекот кој се тркаше  за градоначалничката фотеља во Прилеп, близок до Заев и Јован Деспотовски кој важи за човек од доверба на Шеќеринска  ќе бидат новите потпретседатели. Според изворите Гордан Георгиев кој беше близок соработник на Црвенковски,  ќе си го зачува потпретседателското место.

Речиси е сигурно дека нов генерален секретар на партијата ќе биде пратеникот од Куманово, Оливер Спасовски.

Најверојатно и на функцијата портпарол на партијата ќе дојде нов човек, велат извори од Бихаќка. Заев  не открива дали и кој ќе го замени Емилијан Станковиќ.

Новиот лидер на СДСМ не ги открива и имињата кои ќе ги предложи да бидат дел од Извршниот одбор. Во телефонски разговор за Сител тој рекол дека членовите на ова тело ќе бидат луѓе кои досега не биле јавно експонирани, а дејствувале на локално ниво.

Од партијата најавуваат и нов Конгрес на кој ќе се направат статутарни измени. Со нив Шеќеринска и формално ќе стане заменик на Заев.

Максим

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1