Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот, закажал склучување на брак во матично со неговата избраничка во недела, дознава Либертас од извори блиски на младоженецот.
Сепак веселбата нема да биде во истиот ден, туку на 30-ти овој месец (недела), најверојатно во популарниот и престижен ресторан Воденица во скопско Сопиште, пишува Либертас.
Според порталот Мартин Протоѓер преку неговиот пријател, шефот на дипломатијата Никола Поповски, се запознал со неговата идна сопруга која е вработена во министерството за надворешни работи. Нашиот извор вели дека веднаш по бендисувањето за нецел месец Мартин ја побарал раката на избраничката, а таа со задоволство прифатила да му стане сопруга на еден од најпоскуваните ергени од политичките води.
Либертас