Жерновски и Центар под силно инспекциско чешлање : Фрчат казни од илјадници евра


Катерина Цаневска Арсовска, од Кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски, на денешната прес- конференција посочи дека блокадите врз општината Центар, се прават и одвнатре и однадвор, пишува Скај.

opstina centarГрадоначалникот Жерновски, веќе плати казна од 1.500 евра по налог од Трудова инспекција, а денес, и тоа само благодарение на тоа што е направено поравнување, платил казна од 7.500 илјади евра, инаку предвидената казна е 15.000 евра.

„И тоа замислете, поради доцнење од „цел“ еден ден за непостапување по инспекциски надзор.Значи за 24 часа, 7 .500 илјади евра. И дека не се работи со ист аршин, тоест дека актуелното раководство на Центар е на удар, ќе ви потврди фактот, што најдовме дека има останато предмети по кои не е постапено од многу порано“, рече Цаневска-Арсовска, пренесува Скај.

Секојдневни „гости“ во општината се инспекторите.Општината и градоначалникот велат дека се добредојдени, но очекуваат инспекциите да се се ревносни во сите општини, а не само во Центар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1