Како да си направите домашен швепс


Вкусот на сокот толку многу потсетува на швепс. Подготовката е сосема едноставна и не бара многу време, простор и труд.

Schweps-009-a5222c-800x600Состојки

  • 30 цветови бела или жолта ајдучка трева (свежа или сушена)
  • 10 литри вода
  • 800 гр. шеќер
  • 2 пакетчиња лимонтус
  • 4 лимони

Подготовка

Во голем сад ставете ја водата, потоа во неа додадете ги шеќерот, лимонтусот, цветовите од ајдучката трева и лимоните исецкани на помали парчиња. Промешајте кратко, затворете го садот и оставете го на собна температура да одстои 24 часа.Толку!

Наредниот ден, со раце, најсилно што можете ќе ги истискате лимоните и цветовите, за да им ги исцедите соковите. Сувата материја што ви останува, фрлете ја. Сокот потоа процедете го,директно во стаклени или пластични шишиња со помош на инка во која ќе ставите цедалка или пак парче газа.

Сега следи клучниот момент на продолжување на ферментацијата.
Откако сте го собрале сокот, тапите затворете ги сосема малку, колку да не паѓаат. Ова е многу важно, бидејќи сокот доаѓа во допир со воздухот и на тој начин неговото „зреење“ продолжува, па постанува се повеќе и повеќе газиран.
Шишињата може да ги оставите вака ден, два, три….па потоа да ги затворите убаво и да ги префрлите во фрижидер.

Сокот иако нема голема количина на шеќер, има сладок вкус и малку нагорчнува.

Послужете го ладен од фрижидер или пак дотурете му коцки лед ако се уште го чувате надвор на топло.

ЗАБЕЛЕШКА

– Како што напишав погоре, може да употребите или бела или жолта ајдучка трева. Истата може да ја наберете свежа, но доколку немате може да го приготвите сокот и со сушена. Ние ја купуваме од пазар.

– Наместо само цветовите, може да се употреби целото растение, се разбира, без коренот.

– Дополнителната ферментација секако не треба да ве спречува да почнете со пиење. Веднаш штом го процедите сокот може и да го пробате. На пример кај нас дома за да преживее сокот со дополнителна ферментација, треба да направам 3 дози, бидејќи не ни се чека, најискрено.

– Ферментацијата, доколку е потопло времето се одвива и побрзо. Зимно време или кога е поладно потребни се повеќе денови за да се достигне подобра газираност.

– Знам дека некои домаќинки го одбегнуваат лимонтусот, но јас не сум го изоставила досега од оригиналниот рецепт, така што по однос на тоа не можам да ви дадам некој дополнителен совет. Ако не сакате едноставно пробајте што ќе добиете и онака рекламата вели „Само за искусни“

Мои рецепти 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1