Бизнис кој цвета во САД – кај нас уште никој не се сетил на тоа


Американците се уште ги чувствуваат последиците од кризата, па многумина од нив не можат да добијат кредит во банка или да отидат во минус за да купат нови гуми. Па така во последно време одлично оди бизнисот за изнајмување автомобилски гуми, со можност за откуп, слично на лизинг.

gumeЛанците за изнајмување на гуми на граѓаните им нудат наизглед поволни услови за изнајмување на гумите, а потоа и нивен откуп. На пример, компанијата Рент-Н-Рол на семејство кое немало пари да купи четири нови гуми за нивниот автомобил, им понудила во следните 18 месеци да плаќаат за гумите по 54.60 долари месечно, што на крај испаѓа 928 долари. Тој износ е речиси три пати повисок од цената да се купат сет гуми, но семејството Чери немало избор.

„Кога работите од плата до плата, опциите ви се многу лимитирани. Овие гуми ни беа многу потребни, па моравме да ги земеме“, вели Флорнес Чери.

Ако не платиш, ќе ти ги земат гумите

Понекогаш настанува проблем ако клиентите не се во состојба да ја исплатат месечната или неделната рата. Изнајмувачите тогаш праќаат работници на терен кои ги отстрануваат гумите, и за тоа имаат поддршка од законот.

Сепак, бизнисот цвета бидејќи луѓето немаат избор.

„Не смеев да ризикувам да ја изгубам работата затоа што немам гуми, без оглед на тоа колку ќе ме чини“, вели Мишел Колинс, која гумите за својот „ Chevy Silverado“ по 18 месеци ги платила вкупно 3.000 долари.

„Ова е млада индустрија, но има многу потенцијал“, вели Мат Сибурн, директорот на ланецот „ Rent-a-Wheel“ основан во 2006 година. Неговиот ланец сега има 89 објекти, од кои 13 во Калифорнија, а има планови за големо проширување низ Америка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1