Српската манекенка лажела дека е силувана


Манекенката Мина Миленквиќ не е силувана, утврдено е по извршениот лекарски преглед, пишува српски Блиц.

minamanekenkaЗа блиц изворот вели дека по направениот лекарски преглед е утврдено дека Мина има повреди по лицето, а моментално се истражува како таа била повредена.

Мина исчезна во саботата наутро, откако на сплавот „Ривер“ се скарала со поранешното момче Александар.

-Таа направи вистинска сцена на сплавот. Се опи и потоа обезбедувањето ја исфрли надвор. Потоа влезе во автомобилот којшто претходно и го подарило момчето. Со колата удрила неколку паркирани автомобили, а потоа излегла од неа. Од тогаш до неделата попладне никој ја немаше видено, велат од српската полиција.

Мина вчера беше забележана од една жена во Ресник, од која манекенката побарала да го повика Александар. Жената потоа викнала полиција.

mina-milenkovic-pronadena-manekenka-nestala-Мина тврди дека ја киднапирале две момчиња, ја ставиле во автомобил и ја одвеле во Земун, во стан каде што ја тепале и силувале, велат од полицијата.

Но манекенката не можела да опише како изгледале момчињата, ниту, пак, каде се наоѓа станот во кој наводно е однесена, поради што полицијата се сомнева во нејзината приказна.

Мина денеска повторно ќе биде испрашана во полициската станица.

Kurir

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1