Голема полициска акција – се апси тутунската мафија


Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи уапсени се вкупно 19 лица, по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, две во Кочани и по едно во Тетово и Делчево. Меѓу уапсените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се’ уште се во бегство.

policija apsenjeНеофицијалните информации гласат дека кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.

Според Пресс 24 групата од 2010-тата година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.

Според неофицијалните информации, кај дел од осомничените е пронајдена и марихуана, цигари како и пакети со „Ред бул“ за кои се смета дека се внесени нелегално од Косово.

Од МВР велат дека повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени утре.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1