Тетовец и сварил кафе дома на непозната – се разбудил во болница без 15.000 евра


Тетовецот С.М (64) пред неколку дена бил ограбен во неговиот дом и му биле одземени 15 илјади евра.

kafe3Според неговата изјава дадена во тетовската полиција, на 22 овој месец, вечерта околу 22 часот и 30 минути, на влезната врата од неговата куќа зачукало непознато женско лице на возраст од педесетина години.

Жената му рекла дека и требаат пари за да се врати дома, отако дента наводно посетила некој родинина во тетовската клиничка болница и ги потрошила сопствените пари.

С.М. се сожалил и веднаш и понудил 1000 денари да се смести во некој хотел, но неканетата гостинка ги одбила со образложение дека и е непријатно да оди сама по хотели. Таа побарала да и свари кафе за да се освежи од напорниот ден. С.М, кој бил сам дома, и сварил кафе на непознатата жена и потоа влегол во другата соба да ги земе парите од продажбата на куќата да му бидат при рака.

Ги ставил парите во џебот и седнал во дневната заедно да го испијат кафето.
Следниот ден С.М. се разбудил во тетовската болница, меѓутоа без парите во џебот. Според неговото кажување му исчезнале 15 илјади евра.
Тетовската полиција превзема активности за расветлување на овој најнов случај на измама во Тетово. (З.А.)

Vest

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1