Овие прозиводи ем ги сакаме ем често ги јадеме.
Но дали сте знаеле дека се отровни доколку се конзумираат претерано?
– еве кои здраствени проблеми може да ви ги предизвикаат, а да не сте ни свесни дека е од нив.
Бадеми– Поедини билки, вклучувајќи ги и јаболките и горчливите бадеми, во себе имаат цијанид за да се бранат од инсекти.
Меѓутоа, нема причина за грижа, горчливите бадеми не се исто што и благите кои се продаваат во продавниците, со оглед на фактот што се на се 20 горчливи бадеми можат да убијат човек.
Домат и компир– Листовите од компирот и доматот содржат отров наречен соланин. Во компирот го има најмногу кога тој е со зеленикава боја.
Човек со просечна тежина би требало да изеде многу зелен компир, пред да дојде до труење со соланин.
Печурки– Ниту една листа на отровни производи не би била комплетна без печурките.
Печурката позната како пупавка, е одговорна за труење на многу лица.
Иако речиси сите сакаат да јадат печурки, многу е тешко во природата да се разликуваат отровните од неотровните печурки, така што најдобро би било истите да си ги купувате од продавница.
Зејтин од рисинус– Многу билки биле вооружени со рицинусово масло кое наводно ги лечи сите можно болести а бројните студии покажаа дека ова масло навистина нуди здравствени бенефити.
Но бидете сигурни дека не јадете зрно од кое се добива рицинусовото масло, затоа што тоа ослободува рицин- еден од најтоксичните отрови познат меѓу луѓето.