Ќе се отвори кафуле на кровот на порта Македонија – се бара закупец


Наскоро Порта-Македонија ќе добие и свој кафе-бар.

porta_makedonija_1Владата распиша конкурс за изнајмување на горниот простор од  објектот, а се работи за закуп на  луксузно уредениот простор со површина од 172 метри квадратни.

Се предвидува кафе барот да работи од 18 до 24 часот и тоа осум месеци во годината – од 1  март , па се до 31 октомври, а ќе се служат алкохолни, безалкохолни пијалоци и толпи напитоци.

Лицето кое ќе лицитира има право пет години да стопанисува со објектот. На товар на закупецот ќе бидат и комуналиите за просторот, како и трошоците за одржување на скалите и лифтот во објектот. закупецот нема потреба од дополнителни инвестиции оти веќе е опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса, но во барот нема да се пушта музика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1