Доматите и портокаловиот зеленчук и овошје се најдобри заштитници на кожата од штетните зраци, па дури и темното чоколадо делува како средство за сончање со помал SPF фактор.
Иако избегнувањето на сонцето од 11 до 15 часот е најдобра одлука за здрава кожа, правилниот избор на намирници може да помогне во нејзината заштита, тврдат експертите.
– Студијата покаже дека намирниците делуваат како заштита, иако не треба целосно да се потпираме единствено на храната со цел да се заштитиме од UV и IVB зрачење.
Темното чоколадо може да делува како крем за сончање со помал заштитен фактор, покажа студијата на Универзитетот во Лондон. Според неа, 20 грама на темно чоколадо со висок удел на какао секој ден во период од три месеци ќе го удвои времето кое возрасните можат да го поминат на сонце пред кожата да им се зацрвени, велат научниците. За тој ефект се заслужни антиоксидансите, кои во таа мера не се наоѓаат во млечното чоколадо, поради што тоа не може да овозможи заштита од сонце.
Доматите помагаат најмногу
Овој зеленчук својата црвена боја ја должи на ликопенот, антиоксиданс кој кожата ја прави отпорна на сончевите зраци. Така луѓето кои секој ден јадат домати до 33 отсто се отпорни на создавањето на изгореници, за разлика од оние кои не јадат. Научниците исто така велат дека исхраната богата со домати го зголемува нивото на проколафен во телото, чиј недостаток предизвикува предвремено стареење на кожата, губење на еластичноста и создавање на брчки. Конзервираните и варените домати содржат уште повеќе ликопен, отколку свежите, а подобро се апсорбираат во телото. Другите намирници богати со ликопен се грејпфрутот и лубеницата.
Фантастичниот портокал
Зеленчукот и овошјето со портокалова боја, како портокалот, морковот, тиквата, мангото, дињата и кајсијата се богати со бетакаротен, а ако редовно се јадат барем десет дена пред излегување на сонце, ја намалуваат алергијата и штити од изгореници, покажа една германска студија. Освен тоа со бетакаротенот е богато и зеленото лиснато овошје како спанаќ и салати, но и брокули.
Комбинација со витамин Ц и Е
Витамините Ц и Е во комбинација со бетакаротен се најголем заштитник на кожата од брчки и останати знаци од прекумерно изложување на сонце. Добар избор се агрумите, бобинките, пиперките, кивито, авокадото, оревите и разните семиња. Маслиновото масло е исто така богато со витамин Е, а иако е идеален прелив за летните салати, тоа ја штити и кожата од внатре.
idividi.com.mk