Српските медиуми ја објавија веста дека продолжението на филмот ќе се снима следното лето на Власинското езеро.
За потребите на снимањето, ќе се изгради филмскиот град Зона на површина од три хектари, а по завршувањето на филмот, истиот ќе остане туристичка атракција.
Режијата на филмот ја потпишува Југ Радивојевиќ, а првата промоција е закажана за на 13 јули, кога на едно место ќе се собере и актерската екипа сочинета од сите актери од првиот дел: Војин Четковиќ, Катарина Радивојевиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Никола Ѓуричко, Слобода Маичаловиќ, Драган Бјелогрлиќ, Предраг Ејдус и многу други.