На милиони им се заканува глад и сиромаштија: Доаѓаат суши, високи температури и циклони


На милиони луѓе во светот им се заканува сиромаштија поради климатските промени кои го попречуваат развојот, предупреди денеска Светска Банка со соопштение и најави поголема подршка во мерките за сузбивање и адаптации на тие промени.

zemjaДо 2030. над 40 отсто од земјиштето на кое денес се одгледува пченка во подсахарска Африка повеќе нема да биде можно поради сушата и високите температури, соопшти Светска Банка.

Оттаму предупредуваат дека до тогаш растот на нивото на морето заедно со силните циклони би можел да поплави голем дел од Бангок.

Претседателот на Светска Банка, Џим Јонг Ким оцени дека, ако светот не преземе сериозни мерки сега, климатските промени ќе оневозможат напредок за милиони луѓе во светот и ќе го уназадат развојот за неколку децении.

На конференцијата, потпретседателката на Светската Банка, Рејчел Кајт рекла дека во 2012. банката ги удвоила позајмиците наменети за проекти за адаптација, на 4.6 милијарди долари.

Развиените земји ветија дека до 2020. таквото финансирање ќе го зголемат до 100 илјади милијарди долари годишно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1