Не излегувајте од дома воздухот е загаден – Сингапур ги предупреди граѓаните


gas maska

Сингапур ги повика своите жители да не излегуваат на отворено заради досега незабележеното големо загадување на воздухот, предизвикано од шумските пожари во соседна Индонезија, пренесоа американските медиуми.

Во Малезија беа затворени околу 200 училишта.

Во Сингапур денеска ситуацијата со чадот, носен од индонезиските пожари, сериозно се влоши и загадувањето на воздухот достигна опасно високи ниваа, што можат да ја влошат состојбата на луѓето кои страдаат од респираторни заболувања.

Бизнисот и авионските летови не се доведени во опасност, но смогот ги затегна односите меѓу Сингапур и Индонезија. Во Сингапур сметаат дека Џакарта треба да преземе поефикасни мерки за да ги изгасне пожарите на островот Суматра, предизвикани од сопствениците на плантажи и земјоделците, кои ја расчистувале земјата за обработка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1