Наскоро Порта-Македонија ќе добие и свој кафе-бар.
Владата распиша конкурс за изнајмување на горниот простор од објектот, а се работи за закуп на луксузно уредениот простор со површина од 172 метри квадратни.
Се предвидува кафе барот да работи од 18 до 24 часот и тоа осум месеци во годината – од 1 март , па се до 31 октомври, а ќе се служат алкохолни, безалкохолни пијалоци и толпи напитоци.
Лицето кое ќе лицитира има право пет години да стопанисува со објектот. На товар на закупецот ќе бидат и комуналиите за просторот, како и трошоците за одржување на скалите и лифтот во објектот. закупецот нема потреба од дополнителни инвестиции оти веќе е опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса, но во барот нема да се пушта музика.