Бактериите уживаат на топло – внимавајте што јадете!!!


Казните се од три до пет илјади евра за продавачот што ќе продава стока со поминат рок или доколку ја чува не соодветно

Граѓаните да внимаваат што јадат, високите температури може да влијаат на  квалитет на храната. Кога купувате храна прво проверете го рокот на употреба, начинот како се чува храната пред да ја  консумирате, апелираат надлежните за контрола на храна.

sirenjeОд агенцијата за ветеринарство и храна со опомена до пазарџиите и сопствениците на дуќаните да внимаваат со продавањето на млечните и месните производи.

„Мора и на пазарите и во дуќаните лесно расипливата храна да се чува на ниска температура“, вели Абдулези Догани, Агенцијата за ветеринарство и храна.

На пазарите може се да се купи. Граѓаните велат поевтино е, но внимаваат што купуваат, најмногу на роковите.

„Избегнуваме месо и млечни производи, повеќе јадеме свежо овошје и зеленчук“, велат граѓаните.

Инспекторите се присутни на терен, велат до управата. Казните се од три до пет илјади евра за продавачот што ќе продава стока со поминат рок или доколку ја  чува не соодветно.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1