Тимот, на чело со Иван Шпрајц, професор на Словенечката Академија за науки и уметности, пронашол 15 пирамиди, вклучувајќи и една висока 23 метри.
Градот го нарекле Чактун, што во превод значи Црвена карпа, а Шпрајц вели дека градот најверојатно бил помалку населен од Тикала и Гватемала и дека во него живееле околу 40.000 луѓе.
Истражувањата биле одобрени од Националниот институт за антропологија и историја, а биле финансирани од Друштвото за Национална географија и две европски компании.
Шпрајц изјавил дека градот, кој се простира на 22 хектари и се наоѓа на 120 километри од Четумала, е еден од најголемите на Јукатан. Најблиско населено место е градот Ксипухил, оддалечен 25 километри.
Шпрајц го открил градот гледајќи фотографии снимени од висина пред 15 години. Има докази дека таму имало дрвосечачи кои најверојатно често минувале крај градот, но никој не го пријавил тоа. Пронајден е и терен за фудбал, пазар – што укажува на тоа дека овој град некогаш бил важен и густо населен, а најверојатно е напуштен пред околу 1000 години.