Порталот „Манчестер Ивнинг Њуз“ со наслов „Проклетството на ротирачката статуа во Манчестерскиот музеј“ објави текст за египетска статуа која, според тој медиум, почнала да се движи.
Статуата која е во овој музеј веќе повеќе од 80 години, најдена е во античка гробница од перидот 1800 године П.Н.Е.
Скоро 4000 години старата египетска статуа сама се врти во витрината, а кустосите и стручните лица воопшто не можат да откријат како тоа се случува.
Статуана на човекот наречен Неб-Сена откриена е во неговата гробница. Старите Египјани кои до мумифицираните тела на покојните често ставале статуи правени по нивниот лик, верувале дека во случај ако телото се уништи, душата би можела да ја користи статуата како нејзин нареден „дом“.