1 год бебе паднало од 2 кат право во раце на наставничка (Видео)


Едногодишно бебе падна од втор спрат на зграда во Њујорк, но за неверојатна среќа заврши во рацете на една наставнича.

beba pala u narucjeУчителката Кристин Тори поминувала покрај зграда во Њујорк, кога забележала како од пожарникарските скали виси дете. Веднаш повикала полиција, а додека чекала да дојдат, застанала под детето во случај да падне, што на крајот и се случило.

„Детето беше лесно како пердув. Малиот плачеше, а од устата му течеше крв, бидејќи веројатно при падот удрил во нешто”, изјави Тори.

Таткото на детето бил пресреќен што му го спасила синот, а мештаните ја прогласија Кристин за херој.

Полицијата соопшти дека детето успеало да исползи до пожарникарските скали откако тргнало парче картон кој ја покривал дупката кај клима уредот. Родителите кои во тоа време спиеле се обвинети за загрозување на детето. Властите им го одзеле старателството над сите четири деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1