Поради технички проблем (дефект на дигиталниот кино проектор, кој е единствен од ваков вид во Македонија) во следните неколку денови градското кино Милениум нема да ги емитува филмските проекции од тековниот репертоар.
“Би сакале да ви се извиниме вам кои несебично и континуирано ја поддржувате работата на кино Милениум, а преку вашите медиуми би сакале да и се извиниме и на нашата верна и ценета публика.
Жалиме поради настанатата ситуација, напорно работиме за надминување на техничкиот проблем и се надеваме дека во почетокот на идната недела повторно ќе имаме можност да уживаме во магијата на големото платно и да се воодушевуваме на најактуелните светски филмски хитови“, се вели во соопштението.