Популарните ,, јапанки,, се поопасни и од високите потпетици – предупредуваат лекарите.
Можат да предизвикаат сериозни болки во стапалата, а и ризикот да бидете навистина повредени као некој ве нагази или се удрите во текот н одењето е многу поголем.
,,јапанките,, се премногу лесни, не и даваат на ногата доволна поддршка бидејќи ногата се држи само на едно каивче. Затоа и ногата без да забележите е постојано напната.
Се обидува да се одржи на тоа едно врвче. Тоа дополнително ја оптеретува ногата и мускулите, но и грбот поради лошото држење додека одите на овие лесни обувки.
Ризиците од повреда се дупли со овие обувки. Имено тенкиот ѓон слабо ги апсорбира ударите. Обидете се само да одите по нерамен терен со овие обувки ќе видите веднаш на што се мисли. Секој камен ќе го чуствувате како да ве боде дирекно во ногата.
Уште едн причина плус зошто се нездрави овие обувки за лекарите е и сонцето. Со овие обувки ногата е најизложена на сочевите зраци.
Исто така не се препорачува нити да возите со овие обувки. Лесно можат да испаднат, да се лизнат. Лекарите велат со сигурност погојазните лица треба да се држат настрана од овие обувки.