Охридското езеро настанало најмалку пред околу 1 милион и 700.000 години – ова се првичните резултати од испитувањето на староста на Охридското езеро кое траеше два и пол месеци.
Истражувањето се вршеше на 4 од првично предвидените 5 локации, од кои една требаше да биде на албанската страна од езерото. Најдрагоцените резултатите се добиле од дупчењето на 250 метри –тоа е најдлабоката точка на Охридското езеро од чие дно се очекуваше во длабочина од 680 метри да се земаат примероци од седиментот, но успеале да продрат до 568 метри.
– После тоа бушењето беше прекинато бидејќи се наиде на крупни камења и песок значи флувијалната фаза започнала тогаш во Охридското езеро што и се очекуваше.Според квалитетот на седиментите кои што беа добиени како и според нивната должина ќе се добијат понатака со анализа многу драгоцени податоци за староста на езерото, за создавањето на живиот свет во езерото, вели др. Сузана Патчева (дир. на Хидробиолошки завод-Охрид).
Собраниот материјал ќе се чува во Институтот за геологија и минерологија при Универзитетот во Келн, Германија, а првите години ќе можеле да го користат само научните работници од институтите вклучени во проектот,а подоцна и целокупната научна јавност.За да може кај нас да се испитува потребна е соодветна опрема и услови.Во овие драгоцени истражувања не се вклучил нити еден од македонските геолози, иако имале можност, не пројавиле интерес.
Повеќе на – Алфа