Какво детство имавте вие – потсетете се – а потоа помислете какво им давате на вашите деца


igra_narodna_topkaВратете се малку назад во времето и потсете се како вам ви мина детството. Познати ли ви се овие ситуации 🙂

Превземено од – Sale J

Се сеќаваш ли кога бевме деца:
  • -од WC викавме “Мамо! Готов сум”.
  • -ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме
  • -гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода.
  • -мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка
  • -пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино.
  • -гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење
  • -најстрашниот човек беше “старо купувам”
  • -жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена
  • -им се кривевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил
  • -пушевме грисини -фаќавме снегулки со јазикот
  • -гњуревме во када
  • -правевме шатори од столици и ќебиња
  • -си игравме купувач и продавач
  • -читавме стрипови и се разменувавме со нив
  • -крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња
  • -војувавме со децата од другото маало
  • -правевме чатали, стрели и пушки на тапи
  • -се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија …
  • -распустот го поминувавме со баба и дедо
  • -наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот
  • -крадевме песок и цемент и градевме бункери
  • -си игравме жмурки, камај, џамија,школка, народна
  • -со брканица се загревавме
  • -кога трчавме на дождот без никаква цел
  • -кога раскажувавме филмови на клупа
  • -кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат
  • -цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа
  • -се пукавме со црвенки
  • -се враќавме дома само да ни дадат
  • сендвич и пак се враќавме надвор
  • -кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери
  • -кога сите бевме во банди и имавме тајни

Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа. Драги родители, поклонете им го детството на вашите деца- го заслужуваат!!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1