Охридските општински власти најавија засилени мерки за надминување на проблемот со дивите станоиздавачи и лицата кои во летниот период ги чекаат туристите и на непримерен начин нудат сместувачки услуги, пишува Вечер.
Формирани се екипи кои во соработка со полицијата и пазарната инспекција ќе спроведуваат засилени контроли низ градот, особено на локациите каде најмногу ги има станоиздавачите, во централното градско подрачје, на влезовите во градот како и на автобуската станица.
Истовремено ќе се спроведува и кампања за туристите, преку која тие ќе бидат информирани за нивните права, каде и на кој начин да бараат сместување, а се најавува и бесплатна телефонска линија на која туристите ќе можат да пријавуваат злоупотреби, поплаки, но и да нудат сугестии.
Вечер