7 год македонка, пијанистка – со специјална награда на натпревар во Минхен


Ivana

Седумгодишната пијанистка Ивана Мазнејкова е специјалниот победник на Меѓународниот натпревар во Минхен, Германија.

Вчерашната победа во нејзината категорија и овозможи на Ивана настап на вечерашниот концерт на победници, каде во конкуренција со сите победници од сите категории до 25 години, успеа да ја добие Специјалната награда за најдобра изведба на современ германски автор.

Ивана, која е ученичка во ОМУ „Боро Џони“, во Струмица, на натпреварот беше поканета како успешен млад пијанист кој зад себе има освоено 12 меѓународни награди.

На концертот кој се одржа во салата на Артур Рубинштај, се натпреваруваа учесници од Германија, Русија, Северна Кореја, Јапонија, Австрија Полска и други држави

извор: vis.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1