Незнае со кого бил во брак – Откако се самоубила дознал дека жената имала двоен живот (Фото)


Иако поминале три години од самоубиството на Лори Раф, истражителите и нејзиниот маж Блејк Раф и понатаму се обидуваат да откријат која е всушност оваа жена, која се претставувала под лажно име.

137249732620

Сеуште не се знае името на жената која го украла туѓиот идентитет, го променила името и се омажила во Тексас, пред да изврши самоубиство во 2010.

Истражувачот Џозеф Велинг започнал од далечната 1988 кога жената побарала извод од книга на родените за Беки Су. Тоа девојче починало во пожар во 1971.

А следниот познат детал е дека непозната жена 18 години подоцна  се појавува во Далас тврдејќи дека се вика Беки Су. Таа бара промена на името и го добива името Лори Ерика Кенеди.

Таа добила и картичка со број од социјално осигурување. Исто така имала и докази дека завршила средно училиште во Тексас. Истражувачите разговарале и со некои од нејзините колеги и познаници кои кажале дека некое време работела како танчерка, но никој не знаел ништо за неа пред 1988 година.

Набрзо се сретнала со својот иден маж Блејк.

news_114443137249737321

Родителите први се посомневале

Неговите родители сакале да ја запознаат па отишле заедно на ручек. Секако, и поставувале вообичаени прашања како „Од каде си? Кое е твоето семејство?“.

137249735123

Иако започнале да се сомневаат сепак не сакале да навалуваат. Кога ја прашале за фотографиите од детството рекла дека ги уништила затоа што немала добри спомени. Се венчале во 2003 година, но жената не сакала венчавката да се објави во локалните весници, а тоа било уште посомнително.

Еден од пријателите на нејзиниот маж помислил дека е „крт“  па од тогаш се обидувал да дознае нешто повеќе за неа.

Лажни документи

Се дознало дека нејзините документи се фалсификувани. Нејзиното лице било внесено во повеќе бази наменети за препознавање но не е откриено ништо за неа.

Дури и преку ДНК е проверено во базата за исчезнати лица, но и тоа немало ефект.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1