Медицинска сестра од Велес во затвор – препродавала метадон на зависници


Апелацискиот суд од Скопје ја потврди пресудата на Велешкиот суд кој ја осуди на една година затвор медицинската сестра Верка Атанасовска од Градско, вработена во Медицински центар Велес.

Azerbaijan. Baku region. Baku. Methadone program at the Narcology Center, Ministry of Health. A bottle of methadone in the hand of a medical nurse. Methadone is a synthetic opioid, used medically as an analgesic and anti-addictive. Methadone therapy is the pharmacotherapy for the treatment of drug addiction patients.The Global Fund through the Ministry of Health supports the harm reduction program (substitution therapy) with an Aids grant (financial aid). © 2007 Didier RuefЧетириесет и шестгодишната Атанасовска беше вработена во Центарот за лекување на наркозависници во ЈЗО Општа болница во Велес.
Пред година и пол на главната улица во Велес беше фатена при продажба на метадон на една зависничка. Велешката полиција ја уапси и осомничи.

Јавното обвинителство ја обвини за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанци, а судот ја осуди на една година казна затвор. Според обвинението Атанасовска два месеци наназад земала метадон од Дневниот центар и за пари го продавала на зависник.

Анастасовска беше фатена на 12 октомври 2011 година околу 15 часот на улицата Благој Ѓорев” во Велес како продава метадон на лицето О.Ј. која е регистриран пациент во Дневниот центар за зависници од дрога” во Велес. На судењето во Основниот суд во Велес Анастасовска се бранела со молчење и не кажала ниту збор во своја одбрана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1