Малиот Никола од Блаце од 7 год копа за 100 динари дневно


mali-nikola500Никола Николиќ од Блаце копа и бере овошје за малку пари, оброк и стара облека. За да не се смрзнат преку зимата, брат му Стефан, 15, работи за дрва, пренесува српски „Курир“

Седумгодишниот Никола цело лето работи со мајка му Милкица (41), а за цел ден работа добива еден или два оброка, понекогаш парче стара гардероба и 100 динари.

Неговиот брат Стефан ги работи најтешките задачи во селото, а како исплата за неговиот труд добива дрва на есен, за да не се смрзнат во трошната куќичка полна со дупки.

nikola500-Најчесто берам овошје. Само што завршивме со берење вишни. Јас берам од најниските гранки, а мајка ми од повисоките.

Не можам нив да ги дофатам, објаснува малиот Никола, како тоа да е нешто нормално за едно седумгодишно момченце. Мајка му Милкица го набљудува со очи полни со солзи, но и неизмерна љубов.

-Никола е многу вреден, ништо не му е тешко. За жал и тој мора да работи за да може да се прехраниме, тажно раскажува Милкица.

-Подобро е да работам нешто отколку да седам дома, вели тој обидувајќи се да ја утеши мајка му.

Нивната куќа и не може да се нарече куќа. Насекаде има дупки, а од сите работи што ги има нормалната цивилизација, тие имаат само струја.Немаме тоалет и електрични апарати, вели Милкица, додавајќи дека некако се снаоѓале пред да ги напушти нејзиниот сопруг пред шест години.

nikola2500-Побегна за да избега од сиромаштијата. Ме остави мене со децата и се пресели во Крушевац. Таму се прежени. Има други деца, нас сосема не заборави, вели таа.

Семејството Николиќ имало две кози и три овци, но морале да ги продадат затоа што во текот на зимата им се срушила шталата. Единствениот приход им се 6.000 динари месечно, ги добиваат како социјална помош.

Во Србија е отворена и жиро-сметка за донација за да им се помогне на Никола и неговото семејство.

Сител

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1