Можете да изгорите и во сенка


Сеедно дали сте на плажа или во град – сонцето треба да се избегнува од 10 до 16 часот, бидејќи тогаш сончевите зраци се најопасни. Еве што препорачува д-р Лидија Блажевска, дерматолог, за Утрински Весник.

g_krema-za-soncanje.gif– Заштитата од сончевите зраци е потребна и на море и на планина, ама и кога е облачно, различно во различни услови. Покрај вода, мраз и снег, сонцето прави поголема рефлексија и заштитата треба да е поголема, а кога е облачно, заштитата може да е послаба. Сонцето треба да се избегнува од 10 до 16 часот, бидејќи тогаш сончевите зраци се најопасни. Исто така, важен е фототипот на кожата. Лицата со светла, бела кожа, светли сини очи и руса или црвена коса спаѓаат во првиот тип кожа, тие лесно горат, а не потемнуваат.

Лицата со фототип 2, исто така, лесно горат, ама можат и да потемнат, па е препорачливо постепено да се изложуваат на сонце и да користат заштитни препарати. Останатите 2 фототипа се – 3 и 4 кои и’ припаѓаат на белата раса. Тие секогаш потемнуваат, но и кај нив постои ризик од изгореници. Бебињата и децата до три години воопшто не смеат да бидат изложени на директно сонце, туку треба да останат под сенка.

Добро е да се внимава УВА и УВБ секогаш да бидат означени на препаратот. Што се однесува до изгорувањето и потемнувањето, морам да напомнам дека препарати со висок заштитен фактор (30-50 СПФ) не го дозволуваат тоа. Кај ризичните групи заштитните кремови не се единствена заштита – тие треба да носат памучна облека, очила и шапки…

Повеќе на – Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1