Видео: Постои надеж малата Меделин да е сеуште жива


Постојат нови докази и очевидци во случајот со исчезнувањето на Меделин Мекен, соопштил британскиот Скотланд Јард.

Британската полиција денес соопштила дека и понатаму веруваат дека постои шанса Меделин да е жива и дека по прегледот на доказите, под истрага се 38 “лица од интерес”.

16-630x287

34-630x449

Родителите на девојчето, Гери и Кејт Мекен изјавиле дека промената од претресот на истрагата е “голем чекор напред”.

Маделин имала речиси четири години кога исчезнала за време на одморот во
Португалија во мај 2007 година. Девојчето исчезнало во одморалиштето Праиа де Луз додека нејзините родители вечерале со своите пријатели во локален ресторан.

Властите на Португалија се откажале од истрагата за нејзиното исчезнување во 2008 година, но Скотланд Јард започнал ревизија во мај 2011 година, откако премиерот Дејвид Камерун одговорил на молбата на Мекен.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1