Британски тинејџер кој има 17 години,сексуално ја злоставил својата четири годишна сестра во нивниот дом во Ливерпул.
Тинејџерот кој ја чувал сестрата додека мајката била на работа, пред да го направи страшниот злочин гледал порнографски материјали на интернет.
Сексуалниот злочин е откриен откако девојчето и раскажало на мајката што се случило. Мајката ја известила полицијата која пак го уапсила малолетникот кој во полицијата го признал делото и изјавил дека тоа свесно го направил.
Тинејџерот е обвинет за силување по уште пет точки и бидејќи до крајот на судењето наполнил 18 години осуден е на 3 ипол години.