СВР-Скопје до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(49), Ј.З.(53), А.А.(59) и С.А.(50) сите од Скопје, поради основано сомнение дека со намера да за себе прибават противправна имотна корист на 03.07.2013 год. околу 11:00 часот на платото испред Стоковна куќа Мост во непосредна близина на Камениот мост, С.С. и Ј.З. извршиле кривично дело „Тешка кражба на дрзок начин“, а А.А. и С.А. извршиле кривично дело „Помагање“, врз турската државјанка Б.М.(24) од која одзеле две банкноти од по 100 евра и притоа се стекнале со против правна имотна корист од 12.000,оо денари.
Имено, тешката кражба на дрзок начин осомничените ја извршиле на тој начин што додека оштетената заедно со нејзината другарка Ј.Н.(28), исто така турски државјанин, се движеле по платото пред Стоковна Куќа Мост кон Камениот Мост, броејќи ги парите кои предходно ги замениле во блиската менувачница, биле забележани од истите по што биле опкружени. Ј.З. ја фатил за рака оштетената и ја убедувал да игра хазардна игра со кибрити, а А.А. и С.А. им го отргнувале вниманието.
Во еден момент, С.С. насилно со употреба на физичка сила со рака и ги грабнал парите (200 евра) кои оштетената ги држела во рака и истиот избегал кон Старата Скопска Чаршија. Кога таа и нејзината другарка сакале да повикаат полиција, од страна на тројцата осомничени биле убедувани да не бараат помош, велејќи им дека полицијата неможе да им помогне, по што откако во еден момент успеале да ги одвратат во намерата и му помогнале на С.С. да избега, истите заминале кон Старата Скопска чаршија. По кратко време оштетената настанот го пријавила во полиција.
Од страна на Полициски службеници сторителите непосредно по извршувањето на кривичното дело биле пронајдени и приведени во ПС ОН „Центар“ каде со истите се извршени разговори. Од страна на оштетената и нејзината другарка во ПС ОН „Кисела Вода“ извршено е препознавање и истите со сигурност ги препознале и сторителите и помагачите при извршувањето на кривичното дело.
Со потврда за одземени предмети од С.С. се одземени две банкноти од по 100 евра кои се вратени на оштетената.Од извршените проверки во крим.евиденциите утврдено е дека лицата минуваат за извршени повеќе кривични дела и тоа: С.С. минува за сторени КД„Тешки кражби“; Ј.З. за сторени „Тешки кражби“, „Кражби“ „Измама“ и „Дрски кражби“; А.А. за сторени „Тешки кражби“ „Кражби“ „Измама“, „Комар“ и С.А. минува за сторени КД „Тешки кражби“.