Министер осуден на смрт – го фатиле дека краде и зема мито


Судот во Кина изрече смртна казна за поранешниот министер за железница Лиу Џучун по обвинение за корупција и злоупотреба на положбата, јави кинеската агенција Синхуа.

minisgter kina kradelЛиу во април беше обвинет за злоупотреба на службената положба, примање мито и лошо раководство што и нанело огромна штета на јавната управа и државниот имот, наведува Синхуа, пренесува Ројтерс.

Тој, како што наведуваат кинеските медиуми, бил вмешан во афера во која се проневерени 800 милиони јауни, односно 130 милиони долари. Според обвинението, Лиу примил 64.6 милиони јауни мито, како би наместил 11 луѓе да добијат поволни договори.

Тој е сменет од функцијата во февруари 2011, по 8 години поминати на местото министер на железница, а подоцна е избркан од Комунистичката партија. Поранешниот министер е осуден условно на смртна казна, што значи дека, како во најголем дел од случаите во минатото, оваа казна ќе му биде преименувана во доживотен затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1