Бугарски митрополит пронајден мртов на плажа


Бугарскиот варненско –великопреславскиот митрополит Кирил е пронајден удавен на плажа кај месноста Тракија во Варна, јавуваат бугарските медиуми.

bugarski mitropolitИдентитетот на Митрополитот Кирил го потврди еден од докторите од судска медицина, а сега се врши обдукција во мртовечницата на болницата „Света Марина”.

Обвинителството се сомнева дека неговата смрт е предизвикана насилно.

Варненскиот и Великопреславски митрополит Кирил, Богомил Петров Ковачев, е роден 1954 година во село Царев Брод, Шуменско.

За Варненскиот и Преславски митрополит е избран на 26 февруари 1989 година. Од 1992 година е член на  Светиот Синод, а во периодот 1994-2001 година е претставник на Врховниот црковен одбор.

По смртта на Патријархот Максим, на 10 ноември 2012 со тајно гласање, седум од 12 присутни митрополити го избраа за намесник-претседател на Бугарската православна црква до изборот на Патријархот Неофит

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1