24 год момче, пијан, го претепал судскиот доставувач што му донел покана за суд


Дваесет и четири годишниот Ѓ.В. од село Стојаково минатата недела, откако се довел под дејство на алкохол го пресретнал Р.С., вработен како судски доставувач и изреволтиран бидејќи претходно му доставил судска покана, физички го нападнал, удирајќи го со тупаница во пределот на главата.

tepacka3По ова на местото на настанот пристигнале полициски службеници, а пријавениот почнал агресивно да се однесува одбивајќи да појде во просториите на ПС Гевгелија и му упатувал сериозни закани по животот на полициски службеник и на неговото семејство.

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.В. од с.Стојаково за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1