Пак не плашат со враќање на визи – ЕУ размислувала за времени визни ограничувања за Западен Балкан


ЕУ планира следната недела да разгледа прашања за воведување на времени визни ограничувања за граѓаните од земјите на Западен Балкан – Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и БиХ, пишува денеска весникот „ЕУ обзервер“.

visaВесникот тврди дека властите на земјите-членки на Унијата следната недела ќе ги разгледаат подготвените предлози од страна на ЕП, а доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември.

Еден европратеник нагласи дека политичарите од ЕУ се подложни на се поголем притисок од страна на членките на Унијата, кои бараат воведување ограничувања за некои земји од Западен Балкан по визната либерализација во 2009 и 2010 година. Оттогаш драстично се зголемени барањата за добивање политички азил од овие земји. Иако позитивен одговор на барањата има само за пет отсто од случаите, миграцијата од Западен Балкан стана проблем за ЕУ.

Според податоци на Европската служба за поддршка на азилот, во 2012 година барањата за добивање азил за граѓаните од Западен Балкан се зголемиле за 49 отсто во споредба со 2011 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1