На албанскиот веб сајт „Жолта куќа клиника Албанија“ се промовира трговија на органи на Срби, и истиот е на англиски и албански јазик, пишува Денешен.
На сајтот може да се прочита дека клиниката работи и поседува верни купувачи кои можат да го потврдат нивниот резултат.
На сајтот кој е очигледно направен за провоцирање пишува дека клиниката е специјализирана за трансплатација и дека со развојот на технологијата многу е лесно да биде извршена операција.
На сајтот кој што изгледа како огласна табла за трговија со човечки органи стои и објавата „Не пропуштајте ја новата колекција на Срби“.
Исто така има и дел наменет за етничките Срби, каде што пишува, „Бесплатен транспорт до нашите објекти, преглед и други специјални понуди.
Во делот кој што се занимава со животна средина стои објавата „Ја штитиме околината и затоа ќе ве рециклираме“.
Меѓу своите клиенти го навеле и Вук Јеремиќ, а под неговата фотографија пишува дека мозокот му е оштетен и поради тоа морало да му биде заменет со свинско ткиво. Има слика исто така и од Албанка под чија фотографија пишува дека таа се трауматизирала откако на нејзиното куче му откажале белите дробови, но набргу истите биле заменети со бели дробови од Србин.
Овој бизарен веб сајт има и своја Фејсбук страна.
Извор – Денешен