Хотелот-брод на Вардар почна да се гради


Започна изградбата на галијата на реката Вардар која ќе биде хотел.

galija hotelСпоред плановите на инвеститорот Стојан Филиповски, сопственик на ресторанот Воденица, галијата-хотел ќе има 16 соби, два апартмани, ќе биде долг 35 метри, широк 16 метри, едрата ќе бидат високи 35 метри и се разбира ќе има ресторан, пишува Точка.

Сопственикот вели дека галијата ќе биде направена од дрво, а систем на хидраулика ќе го прилагодува објектот со нивото на водата на реката.

Новата галија ќе биде закотвена меѓу мостот Око и Мостот на уметноста.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1