Македонките се поретко го земаат презимето на сопругот


Една третина од девојките кои се во дваесетите години сакаат да го земат презимето на мажот по венчавањето, но подоцна се посклони на традицијата, покажува анкетата спроведена од Фејсбук.

maticno nevestaСпоред резултатите, жените во дваесетите најмалку саат да го сменат презимето. Во третата деценија од животот, дури 74% би го смениле, додека од оние во четвртата 90 проценти би го земале презимето на партнерот, пренесува Сител.
-Дамите кои сакаат да го задржат своето презиме, како причини ги наведуваат феминистичките принципи и сметаат дека тоа е само показател за еднаквоста меѓу сопружниците, вели една од авторките на студијата Рејчел Твајтес.
Голем број на жени најголемата дилема ја имаат поради нивната работа, па така многу од нив продолжуваат да го користат моминското презиме, иако службено го презеле презимето на сопругот.
И во Македонија дојде оваа мода – жените се повеќе го задржуваат своето презиме или пак само го додаваат името на мажот.  Според упатените процентот на Македонки кои си го задржуваат презимето и во бракот од година на година е се поголем и веќе е вистински тренд. Зголемен е и бројот на жени кои го земаат презимето на мажот но без ска или ва туку го додаваат во машки род. пример Наташа Димитровски или Димитров.
Жените кои си го задржале презимето имаат најразлични оправдувања за тоа. Марина за Мкnews вели
– Ние сме две сестри – нема кој да го продолжи презимето и некако ми беше својствено да го задржам,,
Биљана пак вели дека тоа го направила од бизнис причини – таа е адвокат и досега е позната по моминското презиме и затоа го задржала.
За Јасмина задржувањето на презимето било поради фактот што не сакала да мора да ги менува сите документи, лилна карта, пасош, папирологија за станот или останатиот имот.
Тамара пак го додала презимето на мажот во машки род вели дека повеќе и се допаѓа да биде Велков отколку Велкова

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1